Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп кажа дека напаѓачот Луис Дијаз, чиј татко беше киднапиран во Колумбија од есктремно левичарска герилска група, веќе тренира со тимот, но не е познато дали ќе игра на неделниот меч со Лутон на гостински терен. Последните информации од Колумбија се дека таткото на фудбалерот на Ливерпул наскоро ќе биде ослободен.
Клоп кажа дека самиот играч ќе одлучи дали ќе игра или не, односно дали ќе се чувствува подготвен да настапи за тимот.
„Прво треба да видиме како се чувствува. Нема да ја форсираме ситуацијата, затоа што во оваа ситуација ништо не е во наши раце. Тој тренира со нас. Ако се чувствува добро, ќе продолжи со тренинзи и ќе биде во комбинација. Кога е со соиграчите се чувствува добро, но не спие многу во последно време. Јас не ги добивам вестите од Колумбија, но секоја која дава надеж е добра вест. Очекуваме добри вести“, рече Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

