Клоп доби нов играч: Луис Диаз чека работна дозвола за да се пресели на „Енфилд“

Луис Диаз само формалности го делат од облекување на дресот на Ливерпул откако клубот и официјално го претстави новото засилување. Досекорешниот фудбалер на Порто на „Енфилд“ ќе се пресели за 40 милиони евра со што „црвените“ ќе добијат големо засилување во продолжението од сезоната.

Дваесетипетгодишниот Колумбиец во Порто се пресели во 2019 година од Јуниор за 7.2 милиони евра, а оттгоаш се наметна како еден од најдобрите играчи на португалскиот тим. За „сино-белите“ одигра 125 натпревари на кои 41 пат ја тресеше мрежата.

Се очекува тој во наредните 24 часа да добие работна дозвола, по што ќе може да дојде на „островот“ и да му се стави на располагање на Јирген Клоп.

Се вчитува...