Интересна сцена се случи по крајот на денешниот дерби натпревар од Премиер лигата меѓу Евертон и Ливерпул на „Гудисон парк“.
Градските ривали ги поделија бодовите во меч без голови. По завршувањето на натпреварот едно момче кое собира топки беше и тоа како храбро. Додека очигледниот нервозниот Јирген Клоп излегуваше од теренот, момчето на неколку метри од него силно аплаудираше што во прв момент изгледаше како некој обид за шега… Клоп тоа го забележа и пријде до момчето. Кога се чинеше дека ќе има може лоши поучни зборови за навидум ироничниот аплауз, германскиот стратег уште еднаш ја покажа својата големина па разделувајќи по некој совет со младиот фудбалски вљубеник на крајот со насмевка го напушти теренот…
Klopp getting triggered by a kid ball boy. What a Sunday. pic.twitter.com/n1w1BBabQO
— Adam Keyworth (@adamkeyworth) March 3, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА