Јирген Клоп не го криеше задоволството што повторно имаше можност да се врати како тренер во Дортмунд, како дел од спектаклот за прошталниот натпревар на двајцата поранешни полски „милионери“, Лукаш Пишчек и Јакуб Блашчиковски.
Клоп го водеше тимот на Блашчиковки и уживаше во секој момент, а по натпреварот истрча пред жолтиот ѕид за со својот препознатлив поздрав да ги потсети најверните фанови на Борусија на прекрасните моменти од пред една деценија.
„Сонував за денот кога ќе се вратам во Дортмунд, макар и за само еден натпревар, сега таа жела ми се исполни. Не знам што да кажам, пред неколку месеци имав емотивно збогување со Ливерпул, денеска повторно беше многу емотивно“, истакна Клоп.
Тој говореше и за времето што го минува како фудбалски пензионер, откако најави дека ќе паузира најмалку една година од тренерскиот занает.
„Работам по нешто, но сигурно не онолку колку што работев до пред некој месец. Некогаш не работам апсолутно ништо, само уживам. И најискрено, ништо не ми недостига“, открива трофејниот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА