Клоп: Фирмино е поважен за Ливерпул од Кутињо

Мохамед Салах игра неверојатна сезона во дресот на Ливерепул, но за Јирген Клоп нема дилеми кој е најзначаен играч во нападот на неговиот тим – Роберто Фирмино. Бразилскиот репрезентативец покажува одлични настапи во нападот, но и има значаен придонес во пресинг-играта во одбрана, што го прави исклучително замислен за тактичките замисли на германскиот стратег. Според Клоп, Фирмино е многу поважен за овој тим и од Филипе Кутињо, кој неколку сезони наназад важеше за лидер на „црвените“ пред да се пресели во Барелона.

„Роберто Фирмино е исклучителен фудбалер, работата што ја врши на теренот е неверојатна. Сепак, да бидам искрен и ние со начинот на игра и со фактот дека е стандарден првотимец му овозможивме да се развие онака како што треба. Овој Фирмино е многу подобар и покомплетен играч од оној што го знаев во Хофенхајм. Начинот на кој тој игра го прави позначаен фудбалер за Ливерпул од Кутињо, исто така голем мајстор, но кој секогаш мораше да ја има топката во свои нозе. Фактот дека го немаме Кутињо, а играме одличен фудбал, е доказ дека сме многу понепредвидливи за противниците, а една од причините за тоа е Фирмино, кој се извлекува на крилните позиции, дава голови, асистира… Наша цел дефинитивно е да потпишеме нов договор со него“ – изјави Клоп.

Се вчитува...