Ливерпул, по убедливиот триумф над Рома (5-2) во полуфиналето од Лигата на шампионите, се насочува кон Премиер лигата и дуелот со Стоук.
Но, за Јирген Клоп сепак и пред Стоук поинтересни е тоа што се случуваше во Лигата на шампионите и бројните пораки кои се добиваат од таквите дуели. Германецот се осврна и на навивачот на Ливерпул, кој по судирите со фановите на Рома, се здоби со повреди опасни по живот.
„Мислам дека мечот во вторникот ни ја покажа сета убавина на фудбалот, но и грдата страна на спортот, тоа што се случи пред натпреварот. Кога слушнав што се случило, да бидам искрен ете не можам на англиски јазик да ви опишам како се чувствував. Такви работи не треба да се случуваат. Нема решение за тоа. Очигледно, никој го нема. Сите сме со мислите со него, и со неговото семејство. Тоа ни е на сите нас најважно во моментов. А што се однесува до Стоук, знаеме дека треба да излеземе на терен и да одиграме најдобро што можеме. Секако, очекуваме и добра атмосфера, посебно по онаа победа над Рома, и покрај тоа што мечот се игра од 13:30 часот“ – вели Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА