Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја искористи паузата за репрезентативните настапи и фудбалерите што моментно не тренираат со своите репрезентации ги почести со одмор на Тенерифе. Германецот става посебен акцент на релаксацијата како важен дел од подготовките за продолжението на сезоната.
Веќе по трет пат Клоп за време на репрезентативната пауза, ги „сели“ тренинзите на Канарските Острови и ги наградува фудбалерите што остануваат во клубот со малку повеќе слободно време.
Од составот на Ливерпул, 16 првотимци моментно тренираат со своите репрезентации. Од „поголемите“ играчи, на клоп единствено му остнаа на располагање Лорис Кариус, Дани Вард, Алберто Морено, Натаниел Клајн, Џоел Матип, Џејмс Милнер и Дани Ингс.
Клајн и Ингс само што се вратија на терен после повредите, а Милнер ја заврши репрезентативната кариера во 2016.
Во првенството, Ливерпул по паузата го очекува дуелот со Кристал Палас кој се бори за опстанок во Премиер лигата. Јирген Клоп е свесен дека тоа ќе биде тежок натпревар после паузата, но вели дека неговиот тим ќе биде подготвен.
„Мора да победуваме, а во следниот натпревар тоа ќе биде посебно тешко. Кристал Палас победи минатиот викенд, а нас не чека веднаш по репрезентативната пауза, што значи дека ќе мора да се подготвиме за два дена. Ќе бидеме подготвени. Тоа е предизвик. Но, пред се, играчите треба да ни се вратат здрави и јас навистина се надевам дека ќе биде така“ – вели Јирген Клоп.
Тимот во полн состав треба да се собере во тренинг центарот „Мелвуд“ на почетокот од наредната недела кога ќе сатртуваат со подготовките за дуелот со Кристал Палас на 31 март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА