Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека левиот бек на клубот Ендрју Робертсон, ќе мора да прави операција на рамото, поради повредата која ја доби за време на квалификацискиот натпревар помеѓу Шпанија и Шкотска. Германскиот тренер не даде прогноза колку време ќе паузира бекот.
Според највите, Ливерпул нема да може да смета на Шкотланѓанецот оваа година, и неговото враќање се очекува дури на крајот на јануари.
„Решивме дека мора да се оперира. Имаше малку шанси да мине и без операција, но после разговорите со експерти стана јасно дека хрируршка интервенција е најдоброто решение на долгорочен план. Тоа исто така значи дека ќе биде во аут извесно време. Не знам колку точно, но операција на рамото не е лесна повреда. Тој може да почне многу брзо да тренира, но не и да игра, затоа што мора да внимава. Меѓутоа имаме играчи кои може да го сменат. Тука се Цимикас, Гомез, како и Чејмберс“, рече Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

