Германскиот тренер Јирген Клоп го напушти Ливерпул во јуни по девет години. Со англискиот гигант освои осум трофеи и два пати беше прогласен за најдобар тренер во светот. Тој најави дека ќе паузира една година бидејќи, како што објасни, му недостига енергија.
Во меѓувреме тој даде изјава поради која многумина мислат дека никогаш повеќе нема да тренира никого.
„Тоа е се од мене како тренер. Тоа беше општа одлука. Веќе ги тренирав најдобрите клубови во светот. За ова можеби ќе разговараме за неколку месеци, но сепак, сакам да работам во фудбалот и да им помагам во фудбалот и да им помагам на луѓето со своето знаење“, рече Клоп.
На прашање е дали е крај на неговата тренерска кариера, тој рече:
„Ќе работам нешто друго. Премлад сум да се занимавам само со внуци. Дали повторно ќе бидам тренер? Засега би ја отфрлил таа варијанта“, рече Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА