Клоп го бира Меси пред Роналдо

И Јирген Клоп се соочи и мораше да го одговори ултимативното прашање на денешниот фудбал, Кристијано Роналдо или Лео Меси. За разлика од многумина кои одбиваат да го направат изборот, менаџерот на Ливерпул има јасен став.

„Ова прашање не е многу фер. Тоа е како да треба да се избере меѓу Лигата на шампионите и Премиер-лигата. Но, мојот избор е Лионел иако ги сакам и двајцата“ – вели Клоп.

Во тренерската кариера, Клоп немал прилика да се соочи со Меси, додека со Роналдо имал повеќе средби, последната во поразот на Ливерпул од Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите минатиот мај.

 

Се вчитува...