Вирџил ван Дајк ја освои наградата за најдобар фудбалер во изборот на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), победувајќи ги најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во негов стил го прокоментира освојувањето на наградата на неговиот пулен, велејќи дека го купил бидејќи знаел дека еден ден ќе биде најдобар.
„Го обожавм Вирџил ван Дајк. Тој има способност да ги натера соиграчите да бидат подобри. Знаев дека ќе биде стопер од светски рамки, затоа и го плативме толку многу“, изјави Клоп.
Минатата сезона Ван Дајк со Ливерпул ја освои титулата во Лигата на шампионите, а се радуваше и на трофејот во Супер-купот на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА