Врачениот отказ на Чаби Алонсо од страна на Флорентино Перез предизвика шок во фудбалската јавност, а голем дел од неа верува дека младиот стратег не добил доволно време за да ги пренесе своите тактички идеи и тие да бидат прифатени од страна на фудбалерите.
Името на Јирген Клоп веднаш беше истакнато во преден план како „идеален тренер“ за Флорентино, но Германецот експресно стави крај на таа приказна јасно ставајќи до знаење дека воопшто не е заинтересиран за преселба на „Сантијаго Бернабеу“.
„Ако Чаби Алонсо, кој во последните две години во Баер Леверкузен покажа каков неверојатен тренерски талент поседува, е избркан само шест месеци по доаѓањето…. тоа само покажува дека нешто не е во најдобар ред таму, значи дека постои поголем проблем. Медиумите кои ме поврзуваа со Реал Мадрид се далеку од вистината, она што е уште поважно – тие пишувања не предизвикаа кај мене ниту ронка желба воопшто да размислам за таков ангажман“, дециден е Јирген Клоп на оваа тема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

