Младиот репрезентативец на Германија и ѕвездата на Хофенхајм, Максимилијан Бајер е голема желба на Јирген Клоп за прво зимско засилување и наскоро се очекува и официјално да започнат преговорите, пренесуваат медиумите на „Островот“.
Дваесетиедногодишникот оваа сезона блеска во Бундеслигата. На 13 одиграни натпревари постигна шест гола и забележа четири асистенции со што го примами погледот на европските великани.
Во договорот со Хофенхајм има откупна клаузула од 30 милиони евра, а со оглед на формата, годините и цената на маркетот, голема е веројатноста дека фудбалерот од средниот ред оваа зима ќе го промени клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

