Клоп го победи Флик, најдобар тренер за 2020 година

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја доби наградата за најдобар тренер во 2020 година, во изборот на ФИФА.

И покрај тоа што 2020 година мина под специфични околности поради пандемијата на коронавирусот, ФИФА одлучи да ги додели наградите за најдобрите, па во изборот за најдобар тренер Клоп успеа да го победи Ханси Флик кој со Баерн Минхен ја освои тројната круна.

Клоп по цели 30 години му ја донесе титулата на Ливерпул во Премиерлигата и го понесе признанието на ФИФА.

 

Се вчитува...