Клоп: Го победивме најдобриот тим во светот, но уште не се радуваме

Ливерпул го декласира Манчестер сити со 3-0 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Менаџерот Јирген Клоп е одушевен од резултатот и од изданието на својот тим, но се уште е доволно внимателен пред реваншот што ќе се одигра на „Етихад“.

„Кога би го кажал јавно што мислам за нашата игра, само уште повеќе би ги налутил фудбалерите на Сити. Кога би кажал тоа што сакате да го слушнете, би одработил за Пеп на мотивација на неговиот тим за реваншот. Тогаш тој би ја залепил страницата од весникот на нивната врата од соблекувалната и би рекол „Еве што вели Клоп“. Но, ние го победивме најдобриот тим во светот. И се уште не се радуваме, има и реванш. Ќе видиме за неколку дена дали треба да прославиме“, изјави Јирген Клоп.

Реванш мечот меѓу Манчестер сити и Ливерпул се игра во вторник на „Етихад“.

Се вчитува...