Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп на прес-конференција го коментираше својот колега од Баер Леверкузен, Чаби Алонсо и одлуката да остане во бундеслигашот. Клоп веќе најави дека на крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул, чија клупа ќе остане празна. Се шпекулираше дека на клупата ќе го наследи поранешниот играч на црвените, Чаби Алонсо, но денеска беше потврдено дека останува во Леверкузен.
Клоп беше прашан на конференцијата да ја прокоментира одлуката на Шпанецот.
„Тој прави неверојатна работа во Баер. Имаат одличен тим, кој најверојатно ќе успеат да го задржат заедно следната сезона. Разбирам зошто реши да остане. За други работи, искрено, не знам што да кажам“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА