Клоп: Гвардиола е најдобар тренер во светот

Манчестер сити ќе го пречека Ливерпул во дерби натпреварот од 32. коло во англиската Премиер-лига. Само еден бод ги дели двата тима пред последните седум кола во шампионатот, а овој меч може да разреши многу дилеми околу тоа кој ќе биде шампион на Англија.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп пред натпреварот во недела имаше само пофални зборови за својот колега.

„Гвардиола е најдобар тренер на светот. Не верувам дека било кој има било каков сомнеж во врска со тоа“, изјави Клоп. 

Натпреварот кој ќе се игра на „Етихад“ е закажан за во недела со почеток во 17.30 часот.

Се вчитува...