Пеп Гвардиола и Јирген Клоп водеа беспоштедна битка во Лигата на шампионите, но респектот што двајцата врвни стратези го имаат еден кон друг најдобро го потврди Пеп, кој веднаш по триумфот на Ливерпул во синоќешното финале му се јавил на Клоп за да му честита за големиот успех.
„Телефонот цело време звони, а еден од првите што се јави да ми честита е Пеп Гвардиола. Му благодарам поради тоа, само покажа за каков човек станува збор. Зборувавме кратко, но се договоривме и следната сезона да се бориме до последното коло за титулата во Премиер-лигата, да биде незаборавно како и сезонава. Па кој е подобар, нека се радува на крајот. Оваа сезона беше неверојатна, 97 бода во Премиер-лигата и титула во Лигата на шампионите“ – гордо изјави стратегот на Ливерпул.
Ова беше шеста титула во ЛШ во клупската историја на Ливерпул, но прва за Клоп, уште поголема ако се знае дека тој ги загуби претходните две финалиња во ова натпреварување, од Баерн Минхен како тренер на Борусија Дортмунд и од Реал Мадрид како стратег на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА