Клоп и петти пат менаџер на месецот во Премиер-лигата

Ливерпул реди победи во Премиер – лигата, а менаџерот Јирген Клоп собира признанија. Шефот на „црвените“ по петти пат ја доби наградата за менаџер на месецот во англиската фудбалска елита. Тоа е нов рекорд, ако се знае дека единствено Франк Лампард еден месец ја разби неговата апсолутна доминација оваа сезона.

Клоп не го доби признанието за октомври кога Ливерпул го забележа единственото реми во досегашниот тек од сезоната.

За фудбалер на месецот во Премиер – лигата е избран напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро. Тој во јануари постигна шест гола во дресот на „граѓаните“ и по седми пат во кариерата е прогласен за игран на месецот.

Се вчитува...