Ливерпул и Челси одиграа натпревар без голови на „Енфилд роуд“ во 21. коло од Премиерлигата.
Во просечен натпревар, со многу тактичко надмудрување, во кој недостасуваа головите, на крај, се чини, реална поделба на бодовите.
Двајцата тренери стартуваа со малку чудни состави во кои ги немаше милионските ѕвезди, Дарвин Нуњез кај Ливерпул и скапо платеното засилување Мудрик кај Челси. И двајцата добија шанса во второто полувреме, па Мудрик дебитираше за „сините“, но мрежите во текот на сите 90 минути останаа нечепнати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

