Огромно беше разочарувањето во редовите на Ливерпул по синоќешниот пораз од Брајтон.
Јирген Клоп потенцираше дека тимот во моментов не е во можност соодветно да одговори на предизвиците.
„Ние сме ментално изморен тим. Не сме подготвен, од тој аспект, соодветно да одговориме на секој нов натпревар. Може да кажам дека имавме навистина тешка недела, со две гостувања во Лондон, и тоа се рефлектира“ – истакна Клоп.
Дефанзивецот на „црвените“, Енди Робертсон, пак, уште подиректно вели дека Ливерпул во овој момент не е и не може да биде дел од трката за титула во Премиерлигата.
„Не направивме ништо на овој натпревар и треба да сме свесни за тоа. Ливерпул, во овој момент, не е во трката за титулата. Сити е седум бода пред нас и има натпревар плус во ракав. Мора некако и психолошки да се вратиме и повторно да бидеме оние препознатливите од минатата сезона“ – вели Робертсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

