Луверпул започнува со потрагата на идеален фудбалер кој ќе го замени Мо Салах на долги стази, а погледите се насочени кон Фредерико Кјеза, пренесуваат италијанските медиуми. Јирген Клоп е голем фан на италијанскиот репрезентативец и во него гледа како вистинско засилување кој ќе донесе стабилнсот на тимот во годините кои следат.
Фудбалерот на Јувентус блесна на Европското првенство во кое Италија ја освои шампионската титула, а тогаш неговата цена на трансфер маркетот се искачи на 100 милиони евра, но повредата стекната на почетокот на претходната година го оддалечи од теренот па се уште се чека неговиот вистински учинок по камбекот.
Мо Салах има договор со Ливерпул до 2025 година, но веќе влезе во третата деценија од животот па „црвените“ ќе се обидат да ја искористат лошата ситуација кај „старата дама“ и на лето да го доведат пет години помладиот Кјеза во трансфер вреден 60 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА