Клоп има мака – се повреди уште еден офанзивец на Ливерпул

Ливерпул славеше на дуелот со Брентфорд со убедливи 3-0, но Јирген Клоп има причина за загриженост по повредата на уште еден офанзивен фудбалер. Алекс Окслејд-Чембрлен доби улога во напаѓачкото трио на „црвените“ заедно со Жота и со Фирмино, го постигна вториот гол на мечот, но нешто подоцна заработи незгодна повреда на скочниот зглоб.

Во ситуација кога Салах и Мане се во аут поради настап на Купот на Африкански Нации, а Ориги е повреден, јасно е зошто Клоп ќе има главоболки во наредниот период.

„Најмалку што ни требаше во моментов е повреда на уште еден офанзивен играч, а ни се случи токму тоа. Немаше старт, Окслејд само лошо згазна и остана да лежи на теренот. Тоа може да му се случи некому, но кога станува збор за фудбалер, значи и пауза од терените. За жал, оваа повреда остави дамка на нашата беспрекорна игра и заслужената победа“, изјави Клоп.

Се вчитува...