Поранешниот менаџер на Ливерпул и сегашен директор на фудбалскиот колектир на Ред Бул, Јирген Клоп, зборуваше на различни теми за RTL пред турнирот во падел тенис на Мајорка .
Запрашан за репрезентацијата на Германија и очекувањата за блиска иднина, тој кажа дека има доверба во сегашниот селектор Нагелсман. Исто така коментираше и за Вирц кој направи трансфер во Ливерпул.
„Имам целосна доверба во Нагелсман, и немам потреба постојано да кажувам дека се ќе биде во ред. Знам дека така ќе биде. Квлаификациите за СП мора да бидат еден вид искуство. Селекцијата мора да работи заедно, да научи да се бори заедно и одат кон тоа“, изјави Клоп.
„Пред СП во 1990 година, Хеслер мораше да постигне гол пред самиот крај за да не однесе таму. Мора да се минат квалификациите. Тимот мора да се пронајде себе си и да се бори заедно. Сега на тоа работат, и потоа ќе бидиме одлично Светско првенство со Германија“, рече Клоп.
Потоа зборуваше и за Флоријан Вирц, кој замина во Ливерпул за многу пари, но имаше слаб почеток, односно и натаму нема гол и асистенција.
„Не сум загрижен за Вирц, затоа што неговите способности се исклучителни. Таков талент се појавува еднаш на 100 години. Ливерпул загуби три меча по ред што е невобичаено. Но, тоа е нормално. Нека не ги интересира луѓето што зборуваат за тимот“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

