Челси и Ливерпул го оправдаа епитетот дерби на колото во Премиерлигата ремизирајќи со 1-1 во натпревар во кој четири пати се тресеше мрежата, но само два голови беа регуларни.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по натпреварот изјави дека бил задоволен од дел од натпреварот, но неговиот тим требало подобро да го исконтролира мечот.
„Почетокот беше многу добар на двете страни и во нападот и во одбраната. Први постигнавме гол, постигнавме уште еден одличен гол, но на жал беше во офсајд. Ако ме прашувате дали сум во целост задоволен од натпреварот, тогаш одговорот е не. Но, видов доволно и најбитно од се е што видов дека сме чекор понапред во вистинската насока. Имавме свои моменти, беше многу интензивно понекогаш и диво. Требаше подобро да ги контролираме работите, но не го направивме тоа. Ќе продолжиме да работиме“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

