Фудбалерите на Ливерпул максимално ги користат деновите за одмор по крајот на премиерлигашката сезона, а во пресрет на финалето од Лигата на шампионите. Јирген Клоп ги пушти на заслужен распуст, а играчите избраа различни дестинации за релаксација.
Мохамед Салах го избра Абу Даби, Дејан Ловрен пак реши да оди во родната Босна и Херцеговина. Фирмино постираше слика неоткривајќи ја дестинацијата на која отпатувал со прватен авион. Даниел Стариџ остана со семејството, а Алисон Бекер ги развива готвачките способности.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА