Клоп ја откри најголемата тајна на успесите на Салах и Мане

Двете ѕвезди на Ливерпул, Садио Мане и Мохамед Салах се фудбалери какви што секој тренер би посакал во неговата екипа, а неодамна на Африканскиот куп на нации тие играа еден против друг.

На фудбалерите им следи заслужен одмор, но тие двајца решија да се вратат на теренот за Ливерпул, а нивниот тренер Јирген Клоп ја откри тајната за успехот на двајцата играчи.

Мане и Салах се големи верници, па познато е дека не користат алкохол затоа што се забранува според нивната религија и тоа е главен рецепт за успех според Клоп.

„Двајцата не пијат алкохол. Тоа е главниот проблем кога славиш нешто, тоа го продолжува времето на рехабилитација. Тие секогаш беа подготвени да играат фудбал. Се надевам дека така ќе бидат засекогаш“, вели Клоп.

Се вчитува...