Мо Салах е голема желба на Ал-Итихад кој понуди и неверојатни 233 милиони евра за негов ангажмман од Ливерпул. И покрај тоа што е завршен преодниот рок во Европа, Египјанецот има можност до 10. септември да се пресели во Саудиска Арабија, но шансите за тоа се многу мали по последната изјава на Јирген Клоп.
Германскиот стратег на клупата на Ливерпул по големата сага изјави дека тој е презадоволен од односот на Салах и дека репрезентативецот на Египет не изразува желба за заминување од „Енфилд“.
„Мо е многу посветен, тренира како и претходно. На состанокот кој го имавме се истакна со своите лидерски способности. Мораме да ги разгледаме фактите, а еден до нив е тоа што јас сум презадоволен од неговото залагање и дека се е во ред кога станува збор за неговиот статус во клубот“, вели Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

