Јирген Клоп експресно ги демантираше гласините дека Роберто Фирмино ќе го напушти Ливерпул и ќе се пресели во редовите на Јувентус. Бразилецот влегува во последната сезона од договорот со „црвените“ и челниците на Јуве сакаа да го искористат тоа за да го осигураат неговиот потпис за сума од 20 милиони евра, но ставот на Ливерпул е јасен – Фирмино не е за продажба.
Бразилецот минатата сезона го загуби првотимскиот статус во Ливерпул, сезонава сигурно повторно ќе биде во заден план по доаѓањето на Дарвин Нуњез, но тоа не го менува фактот дека Клоп има превисоко мислење за него.
„Не знам од каде излегуваат информациите дека Боби Фирмино ќе си замине. Тој не оди никаде, ви гарантирам, Фирмино е срцето и душата на нашиот тим и нема шанса да ги смени клупските бои“, децидно порача Јирген Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

