Ливерпул со вчерашниот триумф над Лестер остана во трката за Топ 4 во Премиерлигата и место во Лигата на шампионите следната сезона.
Сето тоа пред само шест недели изгледаше како невозможна мисија, нешто кое и самиот Јирген Клоп го признава. Не ретко до пред еден месец Клоп потенцираше дека неговиот тим не се бори за Топ 4, а сега сето тоа е променето.
„Пред шест недели не верував дека можеме да стигнеме до тука, затоа што ни недостасуваше континуитет. Знаевме дека мора низа од победи за да дојдеме до место за Лигата на Европа, што е одлично, а се понатака не зависи баш само од нас. Во секој случај, наша задача е да продолжиме да им создаваме притисок на ривалите. Мора да оствариме максимален број победи до крајот на сезоната“ – вели Клоп.
На две кола до крајот, Ливерпул е со еден бод помалку, но и натпревар повеќе од Манчестер Јунајтед и Њукасл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

