Клоп: Кој не мисли да вика најгласно што може, нека го даде билетот на друг навивач…

Репрезентативната пауза заврши, по што во фудбалска Европа следи продолжението на битките за титулите во домашните шампионати.

Најинтересно се очекува да биде во Премиер-лигата, каде Ливерпул е во мртва трка со Манчестер Сити во обид да го симне составот на Пеп Гвардиола од тронот. „Црвените“ барем на хартија важат за големи фаворити на денешниот дуел од 13.30 против Ватфорд, но Јирген Клоп на вчерашната прес-конференција побара огромна поддршка од фановите.

„Бевме во добра форма, но дојде паузата, а сега играме први, во раниот термин. Не се сомневам дека ќе ни треба поддршка од трибините ако сакаме да се радуваме на победата. Затоа, испраќам порака до сите фанови, ќе ни треба да се создаде најдобрата возможна атмосфера. Ќе треба да викате 90 минути, кој не е подготвен за такво нешто, нека го даде билетот на друг навивач“, изјави Клоп.

Се вчитува...