Клоп кратко и јасно на темата „Салах во Ал Итихад“…

Јирген Клоп еуфорично ја прослави големата победа на гостувањето против Њукасл, а стратегот на Ливерпул веднаш потоа се осврна и на најновите шпекулации дека Салах ќе се пресели во Ал Итихад.

Откако еднаш веќе ги демантираше ваквите информации, Клоп вчера доби прашање „Приказните за преселба на Салах во Саудиска Арабија никако да завршат“…

За мене тоа е завршена приказна, веќе реков пред неколку дена и немам што да додадам“, дециден беше Клоп дека Ливерпул нема да дозволи заминување на најдобриот фудбалер летово.

Ливерпул во следното коло ќе ја пречека Астон Вила, дуел за кој Клоп ќе има проблем со одбранбената линија бидејќи капитенот Ван Дајк нема да може да настапи поради суспензија, а Конате поради повреда најверојатно ќе се врати на терените дури по репрезентативната пауза.

Се вчитува...