Ливерпил доживеа болен пораз од Кристал Палас (0-1) во 33. коло од Премиерлигата, пораз кој четата на Јирген Клоп може да ја чини и шампионскиот наслов со оглед на изедначеноста со Манчестер Сити и Арсенал при самиот врв на табелата.
Германскиот стратег не го криеше разочарувањето од прикажаното на неговиот тим, поготово во првото полувреме, а додаде и дека Кристал Палас имал среќа што не прими гол во вторите 45. минути.
„Статистиката во првото полувреме не беше сјајна како во второто. Беше причично видливо дека првото полувреме не беше добро. Сакавме реакција и добивме реакција. Имавме шанси, но Кристал Палас имаше среќа што не ги казнивме“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА