Барселона искажува сериозен интерес за да го доведе во своите редови Филипе Кутињо, но Јирген Клоп е дециден на оваа тема – Бразилецот дефинитивно ќе остане на „Енфилд“ и во следната сезона. Германскиот стручњак категорично ги демантираше последните гласини дека „црвените“ дури и прифатиле понуда од 90 милиони евра за да го продадат својот најдобар фудбалер, потсетувајќи дека Кутињо неодамна потпиша нов договор, за плата од 150.000 фунти неделно.
„Се сеќавате ли кога потпиша нов договор? Тоа се случи во јануари, кога го направивме Кутињо најплатен фудбалер во екипата. Знам дека се пишува многу, но апсолутно не постои план овој играч да биде продаден, камоли веќе да е прифатена понуда. Ливерпул одлично се држи на финансиски план и нема потреба да продава ниту еден свој фудбалер, а Кутињо… за него нема потеба да коментирам бидејќи знам дека ќе остане во клубот. Ако Барса сака врвно засилување, треба да го побара на друго место“ – порача Јирген Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА