Англискиот премиерлигаш Ливерпул едвај го задржа Фелипе Кутињо во своите редови во изминатиот летен преоден рок, откако Барселона притискаше за негов трансфер на „Камп Ноу“. Бразилецот побара од клубот да му дозволи да си замине, но Јирген Клоп стави „вето“ на таква одлука, а беше поддржан и од раководството на Ливерпул.
Кутињо од денеска е повторно во погон со Ливерпул, но тешко дека ќе добие шанса да заигра веднаш, веќе на дуелот против Манчестер сити на гости в сабота.
„Кутињо нема да игра веднаш против Манчестер сити. Точно е, играше за Бразил, но сега го боли грбот. Имаме седум натпревари да одиграме за три седмици и сите фудбалери ни се важни“, изјави Јирген Клоп.
Сепак, јасно е дека германскиот стратег нема веднаш да му укаже шанса на Кутињо, кој покажа нелојалност кон клубот и сакаше да направи трансфер во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА