Клоп: Ливепрул може да здивне, конечно се враќаат повредените

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, може да здивне од проблемите поврзани со отсуството на голем број стандардни првотимци.

Тој пред натпреварот со Кардиф Сити во четвртото коло од ФА Купот, откри дека лекарите ги рехабилитирале повредените фудбалери.

„Ливепрул конечно може да здивне, Харви Елиот, Тиаго Алкантара, Наби Кеита и Дивок Ориги почнаа да тренираат, наскоро ќе ги видиме и на зелениот терен. Можеби уште утре некој од нив ќе добие шанса да настапи против Кардиф“, изјави Клоп.

Германецот посочи дека Мане и Салах кои играат на Купот на африканските нации, може да му бидат на располагање евентуиално за мечот со Лестер.

Се вчитува...