Почетокот на новата сезона не е во знакот на Ливерпул кој покрај тоа што се намачи во Премиерлигата забележа и убедлив пораз во Лигата на Шампионите. „Црвените“ на гостувањето кај Наполи загубија со 4-1 во натпревар во кој домаќините имаа целосна контрола и предност од три гола по првото полувреме.
Коментирајќи го натпреварот тренерот на Ливепул, Јирген Клоп причината за поразот го најде во отварањето на средбата, а вети дека ќе се обиде да му помогне на тимот да излезе од кризата.
„Проблемите беа очигледни. Наполи одигра многу добар натпревар, а ние одигравме многу лош натпревар. Зошто бевме лоши? Поради стартот, пенал, па наскоро нов пенал. Не е лесно да се игра во оваа атмосфера, но нашите проблеми лежат затоа што едноставно не игравме добро. Не бевме компактни, не се сеќавам на една ситуација во која бевме. За 60 минути воопшто не направивме контрапресинг, додека не влезе Тиаго. Изгубивме многу топки затоа што бевме далеку“, вели Клоп кој потоа продолжи:
„Мојата работа сега е да откријам зошто не ни оди добро. Ова не е прв пат да не играме добро, а знаеме дел од причината, но навистина мислам дека можевме да одиграме многу подобро. Ова е моја одговорност, ќе морам да размислам, повторно да ја гледам играта и да се обидам да разберам каде точно згрешило да им се даде на момците вистинската порака“.
Клоп на прес-конференцијата беше запрашан дали се паши дека може да добие отказ како неговиот сонародник Томас Тухел кој се најде во слична ситуција па експресно беше „шутнат“ од клупата на „Стемфорд Бриџ“.
„Не сум баш во таква ситуација. Нашите сопственици се смирени, очекуваат да ја решам оваа ситуација, а не тоа да го направи некој друг“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

