Клоп: Малку сум изненаден од одлуката на Фирмино

Роберто Фирмино на крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул. После долги осум години Бразилецот се одлучи да ја смени средината, а тоа го изненади и менаџерот Јирген Клоп.

Пред дуелот со Борнмут германскиот тренер зборуваше за напаѓачот.

„Изненаден? Да, малку сум изненаден. Можеше да оди во два правци, тој се одлучи за вториот. И тоа го почитувам. Тоа е сосема нормално во вакви врски кои ги имаме, и какви што Боби има со клубот“, рече Клоп, пренесуваат британските медиуми.

Фирмино во Ливерпул остави голема трага и се очекува достојно простување.

„Во овој момент немаме време за простување. Ќе има време во доцната фаза на сезоната. Тој целосно е посветен на тимот, како што и знаете. И тоа е се што треба да знаеме“, рече Клоп.

Се вчитува...