Англискиот премиерлигаш Ливерпул е сериозно заинтересиран за фудбалерот од средниот ред на Лас Палмас, Роке Меса. 27-годишниот играч е по вкусот на менаџерот Јирген Клоп и веќе издал наредба до раководството на клубот да отпочне преговори за негов ангажман на „Енфилд роуд“.
Лас Палмас успеа да освои бод на „Сантијаго Бернабеу“ пред неколку кола, а токму Меса блескаше на овој меч, потврдувајќи дека се работи за квалитетен фудбалер. По ова, Ливерпул и дефинитивно „загризал“ за него и ќе се обиде да го купи во летниот преоден рок.
Се претпоставува дека „црвените“ се подготвени да платат 15 милиони евра за да го ангажираат фудбалерот на Лас Палмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА