Клоп: Меси е најдобриот фудбалер кој го имам гледано

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп говореше за неодамна завршеното Светско првенство во Катар.

Германскиот стручњак смета дека триумфот на Аргентина, која во финалето по пенали ја совлада Франција е целосно заслужен. Тој вели дека во неговиот живот не гледал подобар фудбалер од Лионел Меси.

„Им честитам на Аргентинците од се срце. Го заслужија златото, финалето беше посебно. Кога ќе видите како славеа играчите и целата земја, знаете дека вистинската екипа го освои златото. Среќен сум за нив, долго го чекаа. Најдобриот фудбалер на моето време успеа да стигне до целта. Тој е најголемиот што сум го видел да игра фудбал. Тој игра одлично на 35 години и на сите ни покажува колку долго големите фудбалери можат да играат на највисоко ниво. Никогаш не треба да се отпишуваат прерано“, изјави Клоп. 

Се вчитува...