Јирген Клоп мора да биде горд на Ливерпул и на изданијата на својот тим во изминатиот период. Со триумфот над Арсенал од 5-1 „црвените“ го комплетираат перфектниот декември, со осум победи на осумте натпревари месецов со импресивна гол-разлика од 25 постигнати и три примени погодоци.
Германецот е особено горд на тимскиот дух на Ливерпул, докажан и денеска кога Салах реши да не го изведе пеналот при резултат 4-1, оставајќи му ја топката на Роберто Фирмино за да го комплетира својот прв хет-трик сезонава.
„Ми дојде да заплачам од Салах и Фирмино, кога видов дека Мо му ја остави топката за да даде хет-трик. Сите знаеме колку сака Салах да дава голови, а сега сакаше Фирмино да постигне хет-трик. Човек не може да биде посреќен кога има вакви луѓе во својот тим“ – истакна Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА