Клоп: Мои поранешни играчи се во војна, што направи Путин?

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп после мечот против Челси во Лига Купот, се осврна на ситуацијата во Украина која е главна тема и меѓу спортистите во овие неколку дена.

„Тоа ми е надвор од секој памет. Имам 54 години и не можам да разберам како еден човек може да го донесе светот во таква ситуација, особено луѓето во Украина. Познавам многу одлични Украинци и Руси. Но, очигледно не станува збор за луѓето, туку војна на еден лош човек. Мораме да покажеме солидарност. Така е секогаш во мрачни времиња. Ова е навистина тешко за поднесување. Мои поранеѓни играчи веројатно се во војна, не знам дали се вратени дома. Очигледно не можеме да го сопреме Путин, но можеме да му направиме повеќе проблеми од што очекувал. Можеби тоа ќе помогне малку“, рече Клоп.

Ливерпул го освои Лига Купот на Англија после изведувањето на пенали со 11-10 откако во 11-та серија голманот на Челси Кепа го утна голот.

Се вчитува...