Бразилецот Фелипе Кутињо е трансферна цел на Барселона, а менаџерот Јирген Клоп веќе размислува за можните опции за негов наследник. Како што најавуваат медиумите на Островот, тој би сакал да го доведе фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње, на „Енфилд роуд“.
Но, тоа нема да биде нималку лесна задача, со оглед дека 26-годишниот офанзивен играч за врска има важечки договор со „наполитанците“ до 2022 година. Наполи минатата сезона заврши како третопласиран во Серија А и ќе игра директно во групната фаза од Лигата на шампионите. Ливерпул допрва ќе треба да се избори за таков статус преку плејоф дуелите со германскиот бундеслигаш Хофенхајм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА