Ливерпул размислува да го ангажира фудбалерот на Борусија Дортмунд, Дониел Мален во текот на летото. 24-годишниот холандски крилен играч имаше одлични настапи во Бундеслигата, и тоа го привлече вниманието на менаџерот Јирген Клоп.
Ливерпул веќе некое време има интерес кон Мален, кој дојде во Дортмунд пред 2,5 години, и тогаш се одлучи да потпише за „милионерите“, иако имаше понуда и од премиерлигашот.
Откако се пресели во Дортмунд, Мален има 91 меч, 24 гола и 16 аситенции. Тој има 28 натпревари во дресот на Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

