Очигледно, покрај на терен, ќе има и „трансфер-војна“ меѓу Јирген Клоп и Микел Артета.
Според последните информации, место Арсенал, Ливерпул ќе биде тимот кој ќе донесе исклучително талентиран фудбалер од аргентински Бока јуниорск. Се работи за Езекиел Фернандез кој беше договорен со Артета, но се чини дека сега Јрген Клоп е поблиску до договор со него.
Ливерпул и тоа како го посакува фудбалерот од средниот ред, затоа што Тиаго Алкантара и Стефан Бајчетиќ се уште се опоравуваат од повредите. Освен тоа, „црвените“ се и без Ватару Ендо кој со Јапонија е на Азискиот куп. Па, сега фокусот е сериозно кон ангажманот на Фернандез кој исто така искажал отворена желба да дојде во Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА