Англискиот премиерлигаш Ливерпул во летниот преоден рок ќе се обиде на „Енфилд роуд“ да го доведе напаѓачот на Борусија Дортмунд, Марио Геце. Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, многу добро ги знае неговите квалитети од периодот кога заедно беа дел од таборот на „милионерите“, па му нуди нова можност за соработка и обид за воскреснување на неговата кариера.
Геце беше одличен во тој период во Борусија Дортмунд под раководство на Клоп, но потоа замина во Баерн Минхен каде ја ’грееше’ клупата за резерви. Потоа се врати во Дортмунд, но никако не може да да ја врати својата стара препознатлива форма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА