Ливерпул подолг период држеше ритам со водечките тимови во Премиер – лигата, но поради малиот фонд на квалитетни фудбалери за ротација, сепак, почна да заостанува. Неколку лоши резултати влијаеја тимот на Јирген Клоп да падне на петтата позиција, па „црвените“ до крајот на шампионатот ќе се борат за да изборат позиција за пласман во Лигата на шампионите. А германскиот стратег веќе има планови за летниот преоден рок. Потребни му се засилувања во навалната линија, а Клоп сака на „Енфилд роуд“ да го доведе Ријад Махрез, еден од адутите на Лестер.
Махрез оваа сезона е многу послаб од минатата, кога блесна во полн сјај и заедно со Џејми Варди буквално експлодираше, носејќи го до сензационално освоената шампионска титула. Тој беше прогласен за најдобар фудбалер на Африка за 2016 година, а за Лестер постигна 17 голови и имаше 11 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА