Јирген Клоп не го криеше разочарувањето што неговиот тим не успеа да триумфира на големото дерби со Арсенал, што заврши без победник (2-2).
Ливерпул беше во нокдаун откако „топчиите“ поведоа со 0-2, но „црвените“ се вратија со голот на Салах пред крајот на првото полувреме. Салах потоа промаши пенал на стартот од вториот дел, а по израмнувачкиот гол на Фирмино следеа две супершанси на Ливерпул во судиското продолжение, но Рамсдејл со феноменални интервенции ги запре Салах и Конате од постигнување на победничкиот гол.
„Нашата реакција по двата примени гола беше одлична. Мечот беше вистински спектакл, но уште не ми е јасно како можеше да не победиме по оние две шанси на крајот. Искрено, не знам дали да сум среќен што се вративме и покажавме карактер, или тажен што не победивме. Арсенал е одличен тим, но денеска ќе се вратат дома среќни што не претрпеа пораз“, изјави Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

