Клоп: Не можам да сфатам како луѓето судат за одлуки кои не се поврзани со нив

На конференцијата за медиумите во пресрет натпреварот со Борнмут, тренерот на Ливерпул Јирген Клоп говореше и за својот поранешен капитен Џордан Хендерсон кој изминатото лето се пресели во Саудиска Арабија, но по само шест месеци се врати во европскиот фудбал и во иднина ќе настапува за холандскиот гигант Ајакс.

Клоп ја коментираше одлуката на Хендерсон, но ги критикуваше и луѓето кои се осудуваат да судат за неговиот избор.

„Луѓето беа многу критични кон Хендерсон кога замина и сега повторно кога се враќа. Не знам како се осудуваме сите ние секогаш да критикуваме. Имаме само еден живот и за тој носиме одлуки. Некогаш тие одлуки се совршени во тој момент, а подоцна се променуваат.

Разговарав со него. 99 отсто од работите поврзани за фудбалто беа во ред. Тоа беше почеток на нешто, имам многу од тоа што може да се направи, да се развие, но никогаш не сакам да кажам – таму тоа никогаш нема да случи.

Хенди одлучи дека за него и неговото семејство е најдобро да се вратат во Европа. Потпиша за Ајакс, сензационален клуб во кој може да игра. Луѓето мислат зошто отиде таму, а не се врати во Англија. Колку и оваа држава да е убава, луѓето сакаат интернационално искуство, и за мене беше така. Многу сум среќен за него. Дефинитивно дека ќе разговараме, но мислам дека во овој момент има поважни работи отколку да збори со мене“, изјави Клоп.

Се вчитува...