Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп уште еднаш напомена дека не очекува големи засилувања во летниот преоден рок. Иако секој ден се пишува околу големи засилувања ширум светот, Ливерпул не е дел од таа приказна, а и самиот Клоп вели дека тие како клуб не можат да си дозволат да потрошат многу пари и дека во Европа само Манчестер Сити и Пари Сен Жермен можат секоја година да потрошат по 300 милиони за засилувања.
„Луѓето зборуваат дека можеме да потрошиме 200 или 300 милиони. Меѓутоа, секоја година тоа го можат само ПСЖ и Манчестер Сити. Некогаш се чини можеби дека во таа група се и Реал Мадрид и Барселона“, изјави Клоп.
Европскиот шампион досега го доведе само младиот Холанѓанец Сеп ван дер Берг од Цволе за сума од 1.3 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА